Одржан Советот за национални малцинства на Република Србија

Претседателката на Македонскиот национален совет, Зорица Митровиќ, присуствуваше на седницата на Советот за национални малцинства, со која претседаваше претседателот на Владата на Република Србија, проф. др Ѓуро Мацут. Седницата, на 25 јуни 2025 година, беше организирана од страна на Министерството за човекови и малцински права и општествен дијалог во Палатата Србија.

На седницата беше усвоен Предлог-програмата за распределба на средства од Буџетскиот фонд за национални малцинства за 2025 година, со вкупен износ од 25.000.000 динари. Како приоритетна област на финансирање е определена културата, со што се истакнува определбата на Владата на Република Србија да продолжи со поддршката за развојот на културниот идентитет на малцинските заедници.

Во своето обраќање, премиерот Мацут подвлече дека Уставот на Република Србија налага почитување на демократските принципи при донесувањето на важни одлуки – како за мнозинскиот народ, така и за малцинските заедници. Тој нагласи дека е неопходен отворен и инклузивен дијалог кој ги почитува специфичностите на сите заедници, како и одговорност во креирањето и спроведувањето на политиките, вклучително и во областа на културната автономија.

Министерот за човекови и малцински права и општествен дијалог, Демо Бериша, ја нагласи важноста на активностите што Министерството ги презема и планира за унапредување на положбата и правата на припадниците на националните малцинства, кои ги нарече вистинско богатство на Србија.

Седницата ја следеа и министерот за информирање и телекомуникации, Борис Братина, министерот за правда, Ненад Вујиќ, како и претставници на различни државни институции и националните совети на малцинствата.