ВестиКултура

ОДРЖАН ЗЕЛНИК ФЕСТ ВО КАЧАРЕВО

На 06 јули 2024 година во просториите на здружението Вардар од Качарево беше одржано 14-тото издание на Зелник фест, со логистичка поддршка на Центарот за заштита на македонската посебност „Тоше Проески“ а под покровителство на Националниот совет на македонската национална заедница во Србија.

Настанот, покрај негувањето на традицијата преку реализација на традиционални македонски рецепти и „сукање“ на зелник, имаше за цел пренесување на овие македонски вештини од постарите генерации на најмладите и со тоа зачувување и на традиционалните рецепти, но и начинот на нивна реализација.

На 14-тото издание на Зелник фест учествуваа претставници на здруженијата Вардар од Вршац, Вардар од Качарево, Вардар од Ниш и Македониум од Белград, а сите учесници кои сукаа зелник добија медал од страна на организаторот. Поздравувајќи ги учесниците и гостите, претседалката на Националниот совет Зорица Митровиќ и секретарот на советот Марјан Јованоски, истакнаа дека овој настан претставува придонес во негувањето на македонската традиција и обичаи, а притоа посакаа Зелник фест да има свој континуитет и во наредните години со уште повеќе учесници. 

Настанот на крајот имаше и дегустативен карактер, со оглед на тоа што зелниците и питите кои беа подготвени, беа предмет на дегустација од страна на учесниците и гостите.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button