Одбележан Денот на Македонскиот национален совет во Основното училиште во Јабука
Во Основното училиште Гоце Делчев во Јабука, со пригодна програма составена од рецитации и традиционални песни и игри од страна на децата кои го изучуваат македонскиот јазик со елементи на национална култура, беше одбележан Денот на Националниот совет.
Покрај дел од членовите на Македонскиот национален совет предводени од претседателката Зорица Митровиќ, на одбележувањето присуствуваше и Амбасадорот на Македонија во Србија, Н.Е. Никола Тупанчевски. Во своите обраќања претседателката на Советот Митровиќ и Амбасадорот Тупанчевски честитајќи го Денот на Советот, нагласија дека 20-годишнината претставува значаен јубилеј а активностите и постигнувањата во овие 20 години даваат добра основа за уште поголеми успеси и резултати во иднина.
Во рамките на настанот, а поради огромниот придонес за образованието на македонски јазик со елементи на национална култура, на училиштето Гоце Делчев од Јабука му беше доделена Златна јубилејна плакета од страна на Македонскиот национален совет, која беше врачена на директорката на училиштето Билјана Ѓуровиќ.