ВестиКултура

Награда за најдобра режија за ,,Ричард Трети“ на Дејан Пројковски

Претставата „Ричард трети“ во режија на Дејан Пројковски ја доби наградата за најдобра театарска режија – за цела театарска сезона во Србија, според Belgrade Edt Culture, блог за куктура. Дејан Пројковски е еден од најзначајните режисери во регионот.

Македонскиот режисер кој стана познат во регионот по спектакуларните претстави, во Новосадскиот театар го постави и Шекспировиот „Ричард Трети“, кој својата премиера ја имаше на 11 април. Главната улога во претставата ја толкува Арпад Месарош, а играат и Габриела Црнковиќ, Ливиа Банка, Атила Немет. Тука е и Олга Панго, која беше задолжена за сценското движење во претставата. Сценографијата е на Валентин и Сергеј Светозарев, а музиката на Горан Трајкоски.

За самата претстава, која сосема очекувано имаше одлична оценка од театарската критика, нашиот режисер истакнува: „Шекспир заедно со Достоевски, Толстој и Чехов има големо значење во театарот и литературата. „Ричард Трети“ секогаш поставува големо прашање за политичките системи и државните системи. Денес ја отвора и темата што е тоа демократија и дали тоа е најдобриот систем што можевме да го замислиме или е најдобар затоа што не можевме да измислиме подобар или посовршен“.

Пројковски со години наназад има успешни проекти со театрите низ Балканот. Претхдно „Ричард трети“, беше апсолутен победник на театарскиот фестивал во Младеновац, и тоа ги доби наградите за најдобра претстава и од жирито и од публиката.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button