Вести

Мирот и стабилноста во регионот – гарант за целосна интеграција на Западниот Балкан во ЕУ

Регионалните предизвици, европската интеграција, соработката меѓу двете пријателски земји беа дел од темите на средбата на претседателот на Република Србија Александар Вучиќ со претседателот на македонската влада Димитар Ковачевски, во рамките на Минхенската безбедносна конференција.

На состанокот е разговарано за процесот на интеграција во Европската унија кој е пред двете држави доста сложен и нималку лесен. Соработката во повеќе области и на сите нивоа, во март ќе резултира со потпишување на Маморандум за соработка во рамки на ЕУ процесот, со цел размена на искуства и заедничко дејствување и настапување пред ЕУ.

На состанокот е потенцирана и важноста од неодамнешното ратификување на Договорите кои произлегуваат од иницијативата Отворен Балкан, кои се потврда дека двете драви се подготвени и имаат капацитет, врз темелите на европската пракса и вредности да им овозможат на граѓаните слободно движење на работната сила и на капиталот, двете од четирите економски слободи на Европската Унија.

Западен Балкан нема алтернатива. Европската иднина е цел на сите нас. Затоа на европскиот пат е важно да сме поддршка и помош едни на други и да сме сигурни дека процесот на европска интеграција нема да дојде до застој – заклучено е на крајот од состанокот.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button