ВестиКултура

Мики Трендафиловски твореше на ликовна колонија во Врање

Уметникот Мики Трендафиловски од Куманово, учествуваше на ликовна колонија во Врање, која се одржа во јуни годинава, а од петок делата се изложени во галеријата на Народниот Универзитет во Врање. 

На изложбата се поставени 14 слики создадени на ликовната колонија, а ќе биде отворена до 7 октомври.

Трендафиловски бил единствен претставник од Македонија, а творел заедно со колеги од Чешка, Бугарија, Хрватска и Србија.    

„Создадов две слики, а инспирацијате ми беше самиот град, неговата традиција и историјата, тесно поврзана со Бора Станковиќ, Митке и Коштана, стариот чаршиски живот и обичаи“, вели Трендафиловски.

Под мотото „7 дена – 7 учесника“ авторите своите дела ги создавале токму во галеријата, твореле на слободна тема, а секој ден ги посетувал по еден истакнат учесник, за да се одбележи неговото творење и вложениот труд. Колонијата се одржува по 21-пат, а произлегла од поранешната колонија „Прохор Пчињски“, која се одржуваше во манастирскиот комплекс со заедничка организација на културните работници од Куманово и од Врање. Кумановската колонија продолжи да се организира во Меморијалниот центар АСНОМ во „Пелинце“.

Инаку, Мики Трендафиловски годинава има учествувано и на ликовните колонии во Љубанци, во во спомен куќата на Тоше Проески во Крушево и новоспоставената колонија „Грација“ во Куманово, а има покани за учество на повеќе колонии.

Извор
Kumanovo news

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button