МАТ – ТОП
Како што веќе најавивме во наредниот период ке се осврнеме подетално на целта на секоја шаховска партија, на матот. Во денешниот текст ќе се осврнеме на следните шах мат позиции во који суделува топот. Посебно обрнете внимание на матот под редниот број 6.
- “Greco’s мате”
Овој мат се реализира во ситуација кога непријателскиот крал е заробен во агол со помош на ловецот. Тоа е одличен пример за тоа како топот и ловецот можат да се координираат за матирање.
2.”Lawnmower мате”
Овој лесен мат обично го изведуваат кралица и топот (или само двата топа). Со оглед на тоа што е многу вообичаен шах-мат-шах, тој е еден од првите методи за мат што треба да ги научи почетниците и подразбира целосна доминација на едниот шахист.
3.”Opera мате”
Овој шах-мат прв пат бил демонстриран од страна на Пол Морфи – додека ја гледал операта со војводата од Бранзвик и грофот Исаар, во Париз, 1858 година. Се работи за карактеристичен шах мат кој се реализира во координација помеѓу топот и ловецот.
4.”Reti’s мате”
Матот на рети во слободен превод е мат именуван по познатата партија помеѓу две шаховски легенди, Ричард Рети и Савиели Тартаковер. Слично како во претходните модели неопходна е координација помеѓу ловецот и топот или ловецот и кралицата.
5.”Triangle мате”
Триаголнит шах мат , наликува на визуелен изглед на триаголник (или опашка од риба). Овој шах мат се реализира во координација помеѓу топот и кралицата.
6.”Vukovic мате”
Вуковиќ шах матот е именуван по меѓународниот мајстор Владимир Вуковиќ, кој го прикажал овој шах мат во својата книга „Уметноста на нападот во шахот“.
Моделот ја демонстрира координацијата помеѓу топот, коњот и пионот.