МАК Инфо ПродукцијаШах-инфо

МАТ

Во наредниот период ќе се осврнеме подетално на целта на секоја шаховска партија, на матот.

Во шахот некои шах-мат модели се појавуваат доволно често за да се добијат одредени имиња во шаховските коментари. По дефиниција, шах-мат шах е препознатлив/особен/проучен распоред на фигури што дава мат. Во денешниот текст ќе се осврнеме на следните седум шах мат позиции:

1.“Anderssen’s Mate“

Моделот е именуван по Адолф Андерсен, Германски шаховски мајстор од 19 век. Во матирањето се вклучени кралот, пионот и топот и не е многу чест во пракса поради можноста за пат.

2. “Arabian Mate

2. Арапскиот мат е шах-мат модел кој ги карактеризира уникатните способности на коњот со помош на топот. Тешко дека ке имате прилика за ваков мат против посериозен шахист.

3. „Back Rank Mate

“Ниско рангиран мат” во слободен превод се случува кога кралот е заробен од страна на топот или кралицата зад сопствениот штит од пионите, ретко се гледа во посериозните шаховските партии и често се нарекува почетнички мат.

4. “Balestra Mat”

„Балестра мат„ е шах-мат шема која демонстрира оптимална координација помеѓу кралицата и ловецот.

5. “Blackburne’s Mate

„Матот на Блекбурн„ вклучува кординација на  и два ловци и коњ против кралот. Моделот е именуван по Џозеф Хенри Блекбурн, Британскиот шахист кој еднаш го применил овој мат во една од своите партии.

6. “Boden’s Mate

Боденовиот мат ја демонстрира кординацијата на двата ловци на отворените дијагонали.Овој шах-мат модел е именуван по Самуел Боден – англиски шаховски мајстор од 19 век. Тој не беше првиот играч што го користеше овој модел, но го користеше во игра која стана добро позната која се играше помеѓу Шулдер-Боден, Лондон 1853 година. За овој мат потребно е големо шаховско иксуство и повелен сплет на околности и според мене најинтересен модел од навдените

7. “Damiano’s Mate

„Матoт на Дамијано“ е шах-мат позиција каде што кралицата и пионот (или кралицата и ловецот) ги координираат нивните напори против  кралoт и во пракса ретко се гледа.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнте и
Close
Back to top button