КултураНајави

,,Мамка” – изложба на македонската уметничка Марија Милошевска во Етнографскиот музеј во Белград

Во Етнографскиот музеј во Белград, на 25 август, четврток во 20 часот ќе биде отворена изложбата „МАМКА“ на уметничката Марија Милошевска, која што се занимава со контрастите, но и сличностите меѓу два антички занаети: филигранот и риболовот.

Инспирацијата за филигрански накит ја наоѓа во древните вештачки муви. Со оваа изложба Марија го поставува прашањето: дали сме се уште природни или стануваме вештачки?

Марија Милошевска, родена 1982 година во Скопје, завршила студии по етнологија и антропологија во 2004 година. По завршувањето на студиите почнала да се занимава со филигран, како и со користење на различни медиуми за да го пренесе процесот на техники на изработка на филигран. Таа е сопственичка на брендот #MAKedonska MušičKA – MAMKA во чии рамки прави производи кои раскажуваат за најстарите снимени докази за употреба на вештачки муви. Во 2021 година, колекцијата МАМКА доби награда на натпреварот за моден дизајн BIG SEE во конкуренција на учесници од 23 земји.

Изложбата ќе биде отворена до 12 септември.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button