Македонците во Албанија во последните години се соочуваат со агресивна политика од страна на Бугарија за нивна асимилација
Гостувајќи во емисијата “Конак” на албанската телевизија СОТ7 претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски. Во емисијата беше потенцирано агресивното однесување на Бугарија за асимилирање на Македонците во Албанија. Покрај другото, во емисијата од страна на Стерјовски беше објаснет историскиот процес кој доведе до тоа Македонците во Албанија, во последните години, да се соочуваат со бугарската политика за нивна асимилација.
Во однос на тоа како албанската држава реагира на оваа агресивност на бугарската држава, Васил Стерјовски истакна дека „…Ова бугарска политика на терен последните години се одвива со молчење на Албанија, во повеќе наврати и со нејзина помош, се со цел Албанија да не биде попречена од страна на Бугарија, за да го започне преговарачкиот процес за членство во ЕУ.
Така и беше признато непостоечко бугарско малцинство во 2017 година, без исполнување на ниту еден критериум за постоење на едно малцинство, кога Албанија во последен момент попушти пред заканите на Бугарија за вето за започнување на преговорите за членство во ЕУ“.