ВестиКултураМакедонци во светот

МАКЕДОНСКО КУЛТУРНО ЛЕТО ВО АЛБАНИЈА

Со поддршка на Министерството за култура на Македонија а во организација на артистот Едмонд Сотир, по потекло од Село Леска во општина Пустец и Здружението на Македонците по потекло од Албанија СОНЦЕ од Скопје, во Корча и Пустец од 1 до 5 јули 2024 година се одржува традиционалното “Македонско културно лето”.

Македонското културно лето во Албанија се отвори на 1 јули,  во Музејот на Стерјо Спасе во Глобочани со отворањето на изложбата на скулптури на Синиша Новески, а потоа се одржа промоција на книгата “Македонското традиционално пеење во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора” од Андријана Јаневска. Вечерта истиот ден се одржа концерт на Андријана Јаневска.

Во рамките на програмата на манифестацијата е предвидено одржување на: театарска претстава за деца “На гости кај Кате и Фреда” во изведба на Театарот “Бабец” од Битола, театарска претстава “Пасивно пушење” во изведба на Театарот “Ацо Шопов” од Штип, авторски проект на Столе Мицов “Штетноста на цигарите”, а Македонското културно лето во Албанија се затвора со концерт на Симон Трпчевски и Македонисимо.

Манифестацијата, покрај промоцијата и негувањето на македонската култура во Албанија, претставува и настан кој ги привлекува сите љубители на убавиот збор, вајарството и глумата и од Албанија и од Македонија.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button