Во македонската работа многу работи се променија во последните 18 години, од 2004 година кога оваа држава официјално стана земја кандидат за членство во Европската унија. Интегрирањето на македонската држава во европското семејство во оваа држава не е ништо ново. Станува збор за еден од двата најзначајни надворешнополитички цели зацртени со широко партиски консензус уште од стекнувањето на независноста 1991 година.
Ама овој процес не се одвиваше така брзо. Македонската држава дури во 2004 година ја доби поканата за зачленување и така стана држава со статус кандидат за членство во Европската унија и од тогаш се нема ништо сменето, затоа што официјално уште не е започнат ниту преговарачкиот процес помеѓу Брисел и Скопје.
И чини се дека сите се уморни од тие долгорочни очекувања за членство во Европската унија. Прво главната бариера на тој пат беше нерешениот спор со уставното име кое Скопје го имаше со Атина. А кога тоа се разреши, така како што се разреши, македонската држава стана полноправна членка на НАТО, ама од приближувањето, преговорите и зачленувањето во Европската унија сеуште е многу далеку. Многу работи се променија, а пред се на европски план.
Кога е во прашање самата македонска држава, клучниот проблем на нејзиниот пат кон Европската унија денес е званичната политика на Софија која не пропушта ниту една прилика а да не го условува македонскиот пат кон ЕУ. Прво бараа договор о добрососедските односи кој беше потпишан далечната 2017 година, а сега, истиот тој договор го толкуваат на себи својствен начин со една цел – да докажат дека македонската држава не го почитува договорот, дека македонските власти работат на влошување на односите со Софија, додека пак македонските граѓани се обвинети дека сеат непријателство кон бугарската држава и бугарскиот народ.
И некој, кога би ги слушал бугарските интелектуалци, би помислил дека ја зборуваат вистината, а всушност таа е сосема на некоја друга страна. Затоа што ниту Скопје бара од Софија да ја промени својата историја, ниту Скопје бара од бугарските историчари да ги преиспитаат своите толкувања на историјата, ниту Скопје бара од бугарските граѓани да отвараат здруженија на граѓани за чии имиња најчесто се бираат поединци со сомнителни историски улоги. Од другата страна – Софија баш тоа го бара и баш тоа го прави. Неуморно инсистирајќи македонците да прифатат дека се бугари, а македонската историја всушност бугарска.
Ама тоа е само еден спор. Помеѓу два соседа, едниот член на ЕУ, другиот на патот кон ЕУ. И во духот на добрососедството на Балканот, очекувано е тој „појакиот“ да го условува „послабиот“, па се користат сите механизми, без принципи, без стандарди, без ниту еден критериум.
Од другата страна, проблемот со европското интегрирање на македонската држава слободно можеме да го пронајдеме и внатре, во портите на Брисел. Каде последните десетина години политиката на нова проширувања, политиката на прием на нови држави членки е готово заборавена, таму некаде во фиоките на европските комесари кои не да не се заинтересирани, туку немаат кога, немаат како.
Европската унија е денес соочена со многу посериозни предизвици. Економска криза, енергетска криза, војна на портите на Европската унија, незадоволство на европските општества и сето тоа не е доволно, туку премногу за да би се водела плус и политиката на прием на нови држави членки.
Баш затоа македонската држава ќе си почека. Заедно со сите свои соседи од таканаречениот Западен Балкан. Ќе си почека некои нови, подобри времиња. А до тогаш ќе мора да ја игра играта со Бугарите, да ја игра играта со корумпираните политичари дома – да ја игра играта како да не потоне, ами да опстане тука каде што е, со мирниот народ, „гладните“ политичари и „тивките“ бугари кои не пропуштаат прилика да ја докажат својата наклонетост кон европската иднина на својот сосед, само на нивен својствен начин.