ВестиКултураМакедонија

Македонска вечер во Нови Сад – дел од саемската манифестација за туризам

Министерот за култура и туризам на Северна Македонија, Зоран Љутков, учествуваше на „Македонската вечер“ што се одржа во Нови Сад, Србија, организирана во соработка со Новосадскиот саем во рамките на 56. Меѓународен саем за туризам. Република Македонија годинава беше прогласена за земја партнер на овој престижен саем со над 250 учесници од 10 земји.

Во својот говор, министерот Љутков ја истакна важноста на туризмот како мост што ги поврзува луѓето и културите, создава пријателства, урива бариери и ја открива убавината на светот кога се споделува. Тој изрази благодарност до организаторите, туристичката организација на градот Нови Сад и сите партнери кои придонесоа за улогата на Северна Македонија како земја партнер.

Министерот ја истакна автентичноста и богатството на македонската култура, традиции, гастрономија и гостопримство, и упати искрена покана до сите присутни да ја посетат Македонија.

Настанот беше збогатен со настап на хорот и оркестарот на ансамблот за народни игри и песни „Танец“, како симбол на македонската културна и уметничка традиција. На македонската вечер, покрај меѓубројната публика и претставници на македонската заедница во Нови Сад, присуствуваа и претседателката на Македонскиот национален совет Зорица Митровиќ во придружба на секретарот Марјан Јованоски.

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнте и
Close
Back to top button