ВестиМакедонијаМакедонци во светот

Македонска алијанса за европска интеграција: Македонците не се монета за поткусурување со Софија

Македонска алијанса за европска интеграција (MAEИ) со најголема решителност ги осудува срамните и агресивни обиди на Бугарија да ги асимилира Македонците во Албанија. Настанот од 26 септември 2025 година, кога во државната амбуланта во Пустец беа извршени прегледи од бугарски лекари со истакнување на бугарското знаме, е недопустлив скандал и директен атак врз македонскиот народ и државниот суверенитет на Албанија.

Станува збор за јасна и организирана операција на Софија со цел преку „хуманитарни акции“ да го поткупи и измами населението и да го присили да се откаже од својот македонски идентитет. Ова е класичен пример на колонијално однесување и дрско газење врз правата на Македонците во Албанија.

МАЕИ со огорченост констатира дека молкот и попустливоста на дел од албанските институции само им даваат сила на бугарските емисари да продолжат со нивната политика на закани, уцени и асимилација. Тоа е предавство кон сопствените државјани – Македонците, кои со векови живеат на својата земја и не се предмет за пазарење со Софија.

  • Ја предупредуваме бугарската држава дека Македонците во Албанија нема никогаш да се откажат од својот идентитет и дека сите вакви примитивни обиди за асимилација се однапред осудени на пораз. Македонците не се монета за поткусурување ниту заложници на нечии политички игри! Ги повикуваме албанските институции и Европската унија итно да реагираат и да престанат да толерираат вакви отворени провокации, бидејќи секое нереагирање ќе значи соучесништво во бришењето на македонскиот народ во Албанија – се вели во соопштението.

Македонска алијанса за европска интеграција ќе продолжи бескомпромисно да се бори против бугарските манипулации и агресија и ќе остане гласот на сите Македонци во Албанија.

Нема да замолчиме пред бугарските манипулации

Македонска алијанса за европска интеграција ги отфрла како неосновани и тенденциозни обвинувањата изнесени во написот „Бугарскиот прстен околу Македонија – Македонците во паника – Бугарија го топи нивното население на два фронта“, објавен на бугарскиот интернет-портал „Буревесник.бг“. Станува збор за класична медиумска манипулација со цел замолчување на македонските активисти во Албанија.

Во текстот директно се напаѓаат претседателот на МАЕИ, Васил Стерјовски, потпретседателот Ефтим Митрефски, како и членот на Централниот комитет, Никола Ѓурѓај. Овие написи претставуваат продолжение на долгогодишната политика на Бугарија за негирање на македонската нација и македонскиот идентитет.

Македонска алијанса за европска интеграција со години доследно се бори против агресивната политика на Бугарија во Албанија, насочена кон асимилација на македонското национално малцинство. Таквата политика, која користи методи од 19 век, е спротивна на европските вредности и основните човекови права. Реакциите на МАЕИ не се говор на омраза, ниту израз на нетрпеливост кон бугарскиот народ, туку легитимна и демократска борба за заштита на македонскиот идентитет и правата на Македонците во Албанија. Бранeњето на сопствениот идентитет како Македонец не значи „бугаромразство“.

За изнесените манипулации и клевети, МАЕИ ќе поднесе тужба за клевета пред бугарските судови против интернет-порталот „Буревесник.бг“ и новинарот Петар Стефанов.

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button