Македонската филхармонија во петок, на 14 октомври ќе гостува во Белград, во големата сала на Коларчева задужбина од 20 часот.
Диригентот Габриел Бебешелеа ќе го предводи оркестарот во изведување на атрактивна програма, а љубителите на пијано, ќе уживаат во настапот на виртуозот Дино Имери. Ќе настапи со „Концерт во б-мол“, на Чајковски.
-Гостувањето на оркестарот од Скопје ја отвора културната размена во рамките на иницијативата Отворен Балкан на полето на симнфониската музика – се вели во соопштението на Белградската филхармонија.