ИнформирањеРадио емисии
Македониум 29.06.2022.
Во најновата радио емисија Македониум имате прилика да слушнете за следните теми:
- Министерката за култура на РСМ Бисера Костадиновска-Стојчевска учествуваше на Министерски состанок на промоција на Првата министерска платформа на Западен Балкан за култура во Тирана
- Правните служби на трите претпријатија за наплата на патарини во Србија, Македонија и во Албанија работат на подготовки за договорот за експлоатација и единствена електронска наплата за возилата од земјите на „Отворен Балкан“
- Говорејќи пред членовите на Европскиот парламент и парламентите на земјите на патот кон членство во ЕУ, еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји изјавил дека во сегашниот променет геополитички контекст, Западен Балкан останува приоритет за ЕУ
- На два дена пред завршувањето на француското претседателство со ЕУ, властите на РСМ вчера информираа дека нема нови моменти во однос на нацрт-верзијата на предлогот на Франција за повлекување на бугарското вето на нашиот евроинтегративен пат
- Во интервју со Горан Момироски за емисијата „Заспиј ако можеш” Гералд Кнаус открива дека дури и ако Македонија го прифати целосно бугарскиот протокол и францускиот предлог нема да стане членка на ЕУ
- Кабинетот на поранешниот претседател Иванов информира дека по 13-ти пат ќе се одржи традиционалната Школа за млади лидери на Претседателот Иванов
Емисијата се емитува премиерно секоја среда со почеток во 14:30 часот на Третата програма на Радио Нови Сад (РТВ Војводина). Автор и водител е Јулијана Милутиновиќ.