ИнформирањеРадио емисии

Македониум 27.04.2022.

Во најновата радио емисија Македониум имате прилика да слушнете за следните теми:

  1. Следниот лидерски самит на Отворен Балкан ќе се одржи во првата половина од јуни во Охрид;
  2. Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји во рамките на неговата турнеја низ регионот која ги опфаќа и Хрватска, Бугарија и Албанија, денеска престојува во Скопје;
  3. Бугарскиот предлог за поместување на ветото за Македонија, наиде на повеќе критики од македонска страна, но предизвика и поделени мислења кај дел од експертите;
  4. Малинка Ристевска Јорданова од Институтот за европска политика ЕПИ, предлогот на Петков го нарекува апсурден и смета дека може да доведе до нова ескалацијата на бугарските барања додека пак Андреја Стојковски, извршниот директор на институт Преспа, најавите за поместување на ветото ги гледа како позитивен чекор и можност за ослободување на процесот за отпочнување на преговори со ЕУ;
  5. Киро Урдин, е одликуван со орденот „Витез во редот на уметноста и книжевноста“ на Француската Република, за придонес во развојот на пријателството и културните врски меѓу Франција и Македонија;
  6. Нотис Боцарис во својата книга „Балканските визии во подготовката на грчката револуција 1789 – 1821“ цитира историски извор од 1821 година во кој Македонците се наведени како засебен народ.

Емисијата се емитува премиерно секоја среда со почеток во 14:30 часот на Третата програма на Радио Нови Сад (РТВ Војводина). Автор и водител е Јулијана Милутиновиќ.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button