ИнформирањеРадио емисии
Македониум 18.05.2022.
Во најновата радио емисија Македониум имате прилика да слушнете за следните теми:
- Здружението на граѓаните од македонското национално малцинство од Нови Сад, Св. Кирил и Методиј, оваа година по 16 пат ќе ги одбележат Деновите на македонската култура во Нови Сад;
- Традиционалната прослава на Деновите на македонската култура во Белград Допир на Македонија во мај месец ја најави и Здружението на Македонците од Белград кое ја објави својата програма;
- Синодот на Македонската Православна Црква- Охридска Архиепископија утре ќе одржи координативна седница на која се очекува да се разгледа одлуката на Српската православна црква да го обнови канонското единство со македонската црква;
- Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска престојува во посета на Република Северна Македонија. За време на посетата, Брнабиќ ќе се сретне со премиерот Димитар Ковачевски, а ќе присуствува и ќе се обрати на самитот што го организира „Македонија 2025″;
- Невладината „Македонија2025″ денеска и утре во Скопје ќе го одржи 11-тиот Самит на кој ќе се обратат околу 40 говорници меѓу кои и премиерот Димитар Ковачевски и неговата српска колешка Ана Брнабиќ кои ќе учествуваат на панелот „Градење на просперитетна иднина: Улогата на регионалната соработка”;
- Европскиот парламент расправа за Извештајот на европратеникот Илхан Ќучук за напредокот на Македонија, во кој ЕУ се повикува да ги процени историски важните безбедносни импликации за стабилноста и единството на европскиот континент и на Западен Балкан.
Емисијата се емитува премиерно секоја среда со почеток во 14:30 часот на Третата програма на Радио Нови Сад (РТВ Војводина). Автор и водител е Јулијана Милутиновиќ.