ВестиКултура

Македониум го одбележа Меѓународниот ден на мајчиниот јазик во Белград

Уште 1999 година Бангладеш поднесе иницијатива до УНЕСКО да се започне со одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик со главна цел да се подигне свестта за важноста на мајчиниот јазик и повеќејазичноста. Следната година иницијативата беше прифатена и од 2000та година Меѓународниот ден на мајчиниот јазик се одбележува секоја година на 21 февруари низ целиот свет.

Во Белград денот Меѓународниот ден на мајчиниот јазик здружението Македониум свечено го одбележа во Библиотеката на град Белград на 19ти февруари 2025 година. Настанот го отвори пеачкиот ансамбл Македониум со македонски песни. Во првиот блок на програмата учество зедоа најмладите. Учениците Јован Драгојловиќ и Никола Драгојловиќ не подсетиа на македонската класична поезија од Блаже Конески и Кочо Рацин, додека најмалите учесници Иле Темовски, Кристина Темовска и Тајана Иванковиќ рецитираа песни од детскиот писател Живко Николовски.   

Софија Мирковиќ ја отпеа песната „Јовано, Јованке” а многубројните посетители се придружиа и песната ја исполни салата.

Професорката Валентина Соколовска од Филозофскиот факултет во Нови Сад ги претстави резултатите на истражувањето „Језичен пејзаж на Македонците во Војводина”.

Истражувачкиот проект беше реализиран во тек на 2024та година а беше анализирана употребата на македонскиот јазик во јавниот простор во три места: Јабука, Качарево и Пландиште. Истражувањето беше финансирано од Покраинскиот секретаријат за високо образование и научно истражување со поддршка на Националниот совет на македонското национално малцинство.

Во поетскиот матине билингвалните поетеси Ангелина Бачева Орбовиќ, Ана Илијоска Богиќ и Весна Стојкоска говореа поезија на српски и македонски јазик, а Блага Јанковиќ прочита песна токму за мајчиниот јазик.

Модераторка на настанот беше Искра Пенева која забележа дека Меѓународниот ден на мајчиниот јазик беше одбележан со учесници од различни генерации кои го негуваат македонскиот јазик додека македонскта музика секогаш предизвикува снажни емоции, ги поврзува луѓето со нивните корени и создава чувство на заедништво и припадност.  

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button