ВестиКултураНајави

Култни македонски филмови на Мартовскиот фестивал во Белград

Во програмската целина ,,Македонските лауреати” на Мартовскиот фестивал во Белград, во петок 31 март од 18 часот во Југословенската кинотека во Белград (Косовска 11), ќе бидат прикажани некои од најзначајните македонски автори кои остварувале големи успеси на некогашниот Мартовски фестивал.

Во соработка со македонската кинотека, пред публиката ќе бидат филмовите ,,Оган” (1974) и ,,Дае” (1979) од Столе Попов, ,,Свадба на Шарпланинци” (1970) од Трајче Попов и ,,Дванаесет од папрадник” (1965) на Димитар Османли.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button