Културно ументичкото друштво ,,Васил Хаџиманов“ од Јабука учествуваше на свеченото отворање на Велигденскиот базар, на платото пред Културниот центар во Панчево.
На базарот учествуваа повеќе од 20 здруженија на жени од Јужен Банат и околу 30 самостојни излагачи. Тезгите поставени на платото беа полни со ракотворби изработени од членовите и членките на здруженијата од Јужен Банат.
Манифестацијата ја отвори градоначалникот на Панчево Александар Стевановиќ.