Култура

Костимографијата на Благој Мицевски во најновата претстава на Белградкиот драмски театар

Премиера на претставата „Антигона“ од Софокле, во превод на Милош Ѓуриќ, а во режија на словенецот Диего Де Бреа, беше изведена на 28 мај на Големата сцена на „Оливер и Раде Марковиќ“ во Белградскиот драмски театар.

„Антигона сама оди против системот и нема заштита. Како да се дојде до ситуација од маж да излезе вистински маж, човечко суштество? Што е тоа денес – да се биде маж? Нас нè интересираа тие прашања во новата „Антигона“, рече словенечкиот режисер.
Долгогодишната соработка со битолскиот костимограф Благој Мицевски продолжи и во оваа претстава.

Благој Мицевски е роден во Битола. Дипломирал на Универзитетот во Загреб во 1991 година. Тој е истакнат костимограф и режисер кој има работено во сите поголеми театри во регионот. Добитник е на многу награди и признанија за неговата работа во театарот, балетот, операта и филмот.

Во екипата се и: драматургот Ката Ѓармати, сценски говор Радован Кнежевиќ. Улоги: Јана Милосављевиќ, Дуња Стојановиќ, Павле Пекиќ, Ивана Николиќ, Лука Грбиќ, Владан Милиќ, Мина Ненадовиќ и Стефан Радоњиќ.

Трагедијата на „Антигона“ припаѓа на трилогијата на Софокле, која ги вклучува „Кралот Едип“ и „Едип на колоната“.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button