Вести

Координацијата на националните малцински совети: Осуда за говорот на омраза

Координацијата на националните совети на националните малцинства најостро го осудува настапот кои како последица има промовирање на говор на омраза, посебно кога се работи за обид на ширење расна, верска или национална нетрпеливост.

Hачинот на искажување на личниот став на Драгослав Бокан на ТВ Пинк не само што е недозволив, туку е и за осуда и јавно негодување, имајќи го в предвид изразениот мултикултурализам, мултиконфесионализам и мултиетничноста на државата Србија каде живеат речиси триесет национални заедници – порачаа во соопштението кое што го потпишува претседавачот на Координацијата Борче Величковски, кој што е претседател на Македонскиот национален совет.

  • Очекуваме дека соодветните и примерени реакции на надлежните институции нема да изостанат, за да не се повторуваат ваквите испади – нагласија од Координацијата, истакнувајќи дека повеќе од милион граѓани на Србија ја сочинуваат заедницата на националните малцинства.

Некогашниот припадник на паравојната единица ,,Бели орли” Драгослав Бокан во изјавата за ТВ Пинк ја вреѓаше потпретседателката на Партијата за слобода и правда Мариника Тепиќ на национална основа и ја прогласи за национален непријател, нагласувајќи дека она е ,,припадник на романското национално малцинство кое ја мрази Србија и српскиот народ”.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button