Вести

Координацијата за пописот, буџетот, малцинските јазици и образованието

На седницата на Координацијата на националните совети, одржана електронски на 17 декември, разгледувани се информациите поврзани со претстоечкиот Попис на населението. Утврдена и усвоена е конечната листа на градови и општини за кои ќе бидат побарувани места на постојани членови на пописните комисии.  

Усвоен е предлог на Унгарскиот националниот совет во врска со ревидирањето на буџетот на националните совети за 2022 година, кој ќе биде презентиран на состанокот со претставниците на Министерството за човечки и малцински права и општествен дијалог, што ќе се одржи после 10 јануари 2022 година.

Европскиот совет упати иницијатива за воспоставување на локални повелби за малцинските јазици. Координацијата ги повика сите заинтересирани национални совети да достават предлози на општините и градовите во кои сакаат да ја покренат и имплементираат оваа иницијатива.

Имајќи во предвид дека Националниот просветен совет ги повика сите предлагачи да достават листи на кандидати за членови на оваа тело за наредниот мандат, Координацијата го усвои предлогот за член повторно да ја предложи Светлана Золњан, која и во овој мандат одлично ја застапуваше координацијата. По доставување на предлозите од страна на сите предлагачи, членовите ќе ги именува Владата на Р. Србија.

На седицата, со која претседаваше Борче Величковски претседател на Македонскиот национален совет, присуствуваа претставници од 16 национални совети.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button