Во галеријата на Српската академија на науките у уметностите, во понеделник 6-ти декември од 18 часот ќе се оддржи концерт на виолинистката Вероника Мона Богиќ и пијанистот Уки Оваскаинен. На програмата ќе бидат делата од Брамс, Сен-санс, Чајковски и Ернст.
Вероника Мона Богиќ е родена во 2004 година во Белград. Основното и средното музичко образование го заврши во училиштето ,,Коста Манојловиќ” во класата на својата мајка Ана Илијоска Богиќ. Во моментот е студент на Факултетот на музички уметности во класа на проф. Маја Јокановиќ.
Добитничка е на многубројни први награди на меѓународни натпревари од кои издвојуваме: Лауреат на натпреварот “Arthur Grumiaux” 2015 (Белгија), Лауреат и победник во сите категории на натпреварот ,,Охридски бисер” 2016—Лауреат на натпреварот “Antonio Salieri“ 2019 (Италија), награда „Guseppe Magnani“ за виртуозитет, награда на здружението ,,Византија—за исклучителна заложба во областа на уметноста како и наградата на ,,Доситеј” за постигнатите резултати на натпревари. На единаесетгодишна возраст ја започна својата прва турнеја на солистички концерти во Белград, Чачак, Ваљево, Мостар, Сплит, Макарска, Трст, а од тогаш настапувала и во Франција, Белгија, Италија, Австрија, Украјина, Словенија, Хрвстска, Македонија, Босна и Херцеговина…
Ова талентирано девојче неколку пати настапуваше и во програмите на здружението ,,Македониум” од Белград.