КонкурсиОбразование
Актуелно

Конкурс за финансирање на проекти во област на образованието во АП Војводина, за 2022 година

Покраинскиот секретаријат за образование, прописи, управа и национални заедници распиша конкурс за финансирање и суфинансирање на програми и проекти во областа на образованието за 2022 година. Вкупниот буџет на конкурсот изнесува 700.000 динари.

Сите македонски здруженија кои имаат седиште на територија на АП Војводина можат да конкурираат на Конкурсот во областа на Финансирање на програми и проекти во областа на преучилишно воспитување и образование во Војводина, за 2022 година. Во рамките на таа област прецизирано е дека ќе се финансираат програми и проекти за негување на мултикултуралноста односно интеркултуралноста и традиција на мајчиниот јазик на припадниците на националните заедници, како и за творење на услови за меѓусебно запознавање и стекнување на знаења за историјата, културата и традицијата на децата припадниците на националните заедници.

Рок за поднесување на апликациите е 11 февруари 2022 година.

Повеќе за конкурсот, како и проектната документација можете да видите ТУКА

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button