ВестиОбразование

Конкурс за учениците во Војводина –  „Мојот познат сограѓанин“

,,Мојот познат сограѓанин” е тема на литературен конкурс распишан во рамките на проектот ,,Афирмација на мултикултурализмот и толеранција во Војводина” од страна на Форумот за образование, соработка, афирмација и поддршка на граѓанското општество – ФЕСАП од Нови Сад, во соработка со Покраинскиот секретаријат за образование, регулативи, администрација и национални малцинства – национални заедници.

Право на учество имаат сите ученици во основните училишта во Војводина. Материјалот во форма на писмена творба, од не повеќе од една страница (која може да содржи и една фотографија на славниот сограѓанин). Учениците треба да го кажат своето лично мислење за познатиот сограѓанин, неговата важност, достигнувањата, заслугите, но и да изрази автентичен личен поглед на етничката разноликост или културната специфичност на етничките заедници во Војводина.

Творбата треба да биде подготвена од еден автор, на јазик на кој што авторот зборува. Еден автор може да поднесе еден творба на конкурсот. Заедно со творбата потребно е да се достави и следна документација:

– формулар за пријава;

– изјава на родителот/старателот на авторот за авторските права на делото;

– потврда од училиштето за статус на редовен ученик.

Материјалите можете да ги видите и симнете ТУКА

Творбите  и пропратната документација се доставуваат во електронска форма, преку апликација на веб-страницата на Секретаријатот, на http://185.166.125.137/konkursi-2022-5/

Пропратната документација се доставува и во оригинал, по пошта на адресата на Форумот за образование, соработка, афирмација и поддршка на граѓанското општество:

Пропратната документација се доставува и во оригинал, по пошта на адресата на Форумот за образование, соработка, афирмација и поддршка на граѓанското општество:

FESAP, Поштенска кутија 112, 21101 Нови Сад

Рок за поднесување трудови е 30 септември 2022 година.

По затворањето на конкурсот следува селекцијата на пристигнатите материјали, која што ќе биде објавена на веб-страницата на ФЕСАП и Секретаријатот, со назначување на авторите. Авторските материјали ги оценува конкурсната комисија, формирана од претставници на ФЕСАП, Секретаријатот, претставниците од образовните институции и истакнати поединци од областа на конкурсната тема. Конкурсната комисија составува ранг листа на пристигнатите творби и одлучува за доделување на наградите. Авторите на најдобро рангираните дела се награденуваат со мултимедијални уреди (три награди).

 

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button