ВестиКултураОбразование

Конкурс „Животот и делото на Гоце Делчев“

Здружението на македонската национална заедница од Пчињскиот округ – „Гоце Делчев“ од Врање распиша:

КОНКУРС

По повод раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев (04.02.1872 година) а во рамки на манифестацијата Гоцеви денови 2025, со тема:

Животот и делото на Гоце Делчев

На конкурсот можат да учествуваат ученици од основните и средните училишта во четири категории:

а) од 1-во до 4-то одделение (основно училиште)

б) од 5-то до 8-мо одделение (основно училиште)

в) од 1-ви до 4-ти клас (средно училиште)

г) Лица со посебни потреби

Своите дела заинтересираните до 20. 04.2025 година можат да ги достават лично во просториите на здружението или да ги испратат на +381638674927 или на е-маил: pecoristeski@yahoo.com

Како дел од манифестацијата Гоцеви денови 2025, на 04.05.2025 година е биде организирана свечена завршна вечер со учество на најуспешните творби и е биде поставена изложба на пристигнатите цртеи на конкурсот. За најуспешните ќе следуваат пригодни награди и благодарници.

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button