ВестиКултура

Ковид го откажа гостувањето на Битолскиот театар во Белград и Нови Сад

Ансамблот на НУ Народен театар во Битола вечер нема да настапи на „Игорови денови – Омаж за Игор Вук Торбица“ во Белград, ниту утревечер во Српскиот народен театар (Српско народно позориште) во Нови Сад, а претставата „Бакхи-краток преглед на распадот“ е откажана.

Актуелната ковид пандемија, влошената епидемиолошка состојба во соседна Србија и изолацијата на два битолски актери влијаеја менаџментот на НУ Народен театар во Битола да донесе одлука со која се одлага гостувањето на сцените во Белград и Нови Сад.

-Во Белград во тек е манифестацијата „Игорови денови-Омаж за Игор Вук Торбица“, културен настан на кој театри од повеќе држави настапуваат со претстави чиј режисер бил Игор Вук Торбица. За жал заради влошената епидемиолошка состојба во соседна Србија и изолација на два наши актери, одлучивме да не гостуваме во Белград. Претставата закажана за вечерва во 19 часот на големата сцена на тамошниот театар е откажана, како и претставата што требаше да ја одиграме утревечер во Нови Сад, информираа од НУ Народен театар-Битола.

Како што е познато, еден од најдобрите балкански театарски режисери Игор Вук Торбица, почина во 2020 година на 33 годишна возраст. Со битолскиот театар тој соработуваше во 2019 година кога премиерно беше изведена претставата „Бакхи – краток преглед на распадот“ и со која ансамблот од овој град освои повеќе награди, меѓу кои наградата за најдобра претстава во целина и за најдобра режија, на Меѓународниот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ што во 2019 година се одржа во Прилеп.

Извор
Независен

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button