ВестиИнформирањеКултураОбразование

Квиз за деца “Запознај ја татковината на твоите родители и предци за повеќе да ја сакаш„

На 29-ти ноември во собраниската сала на градската оптштина Панталеј во Ниш, во организација на македонското здружение Вардар од Ниш, со помош на Министерството за надворешни работи на Македонија, Македонскиот национален совет, фондацијата Македонски школски центар, Фудбалската Федерација на Македонија, и градската општина Панталеј се одржа квизот за деца од основното образование “Запознај ја татковината на твоите родители и предци за повеќе да ја сакаш„.

Првиот квиз во ваков формат беше одржан во 2012 година со учество на 15 екипи со шеесетина натпреварувачи кои ги претставуваа македонските здруженија од Суботица до Врање, а најдобрите екипи учествуваа во финалето на квизот кое се одржуваше во најмакедонското населено место Јабука во Војводина. Овој квиз кој има за цел да ја развие свеста кај младите генерации потомци на Македонците во Србија за потеклото на нивните родители и предци, ги обработува темите од општествениот живот: општата култура, географијата на Македонија и историјата на македонскиот народ. Со оглед на околностите, оваа година на квизот одржан на 29-ти ноември учество зедоа четири екипи од Лесковац и Ниш со 16 натпреварувачи, претежно деца кои го изучуваат македонскиот јазик со елементи на национална култура во основните училишта.

Четирите екипи кои учествуваа на квизот беа од основните училишта Коста Стаменковиќ – Лесковац, Бора Станковиќ – Богојевце, како и Јастребачки Партизани – Мерошина – истурено оделение во с. Долна Расовача и домаќинот екипата на Ниш составена со деца од различни  нишки основни училишта.

Сите учесници на овој квиз покажаа извонредно познавање, како на македонскиот јазик, така и одлични и целосни одговори скоро на сите поставени прашања од трите зададени области. Жирито имаше тешка задача да одлучи која екипа е најдобра. Изедначена беше борбата за првото место каде се пласираа екипите на Ниш и Богојевце, а со оглед на тоа дека резултатот и после дополнителните прашања беше изедначен, првото место мораше да се одлучи со ждребка, на која повеќе среќа имаше екипата на Вардар од Ниш и победи на овогодишниот квиз. Сите учесници беа наградени со пехари, медали и благодарници.

На настанот присуствуваше и претседателката на Македонскиот национален совет Зорица Митровиќ, во придружба на секретарот Марјан Јованоски. Во своето обраќање претседателката на Советот го нагласи значењето од одржувањето на квизот кој преку игра и натпреварување им овозможува на децата усвојување на нови знаења, особено важни информации за Македонија – татковината на нивните родители и предци.  

Гостите од Фудбалската Федерација на Македонија представени од Кочо Димитровски и Алексо Мачков им подарија на екипите по една фудбалска топка, по една репрезантативна маица и за сите деца маици од Македонскиот олимписки комитет.  

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнте и
Close
Back to top button