ВестиКултура
Актуелно

,,Кајмак” на Милчо Манчевски премиерно пред белградската публика

Меѓународниот филмски фестивал – ФЕСТ ќе се одржи по 51 пат, во периодот од 24 февруари до 5 март 2023 година, во бројни сали низ Белград, меѓу кои: Сала МТС (поранешниот Дом на синдикатите) Сала на Културниот центар Белград, Дом на младина во Белград, Cineplexx-Ушќе, Cineplexx-Галерија и Југословенска кинотека.

Публиката ќе има можност да проследи околу 100 премиерни филмски остварувања во различни програмски целини, меѓу кои и најновиот филм на Милчо Манчевски ,,Кајмак.” Како што самиот Манчевски истакнува ,,Кајмак” е црна комедија или „дрска приказна за богатите и сиромашните и за сите нас кои се обидуваме да го кренеме кајмакот на животот“. Сара Климоска, Камка Тоциновска и Александар Микиќ ги играат главните улоги во ова остварување, снимено во копродукција помеѓу Македонија, Данска, Холандија и Хрватска.

,,Кајмак” е во главната натпреварувачка програма, а ќе се игра на 3 март во МТС двоараната од 19 часот, на 4 март во Домот на младите од 22:15 часот, и на 5 март во Културниот центар на Белград од 17 часот. Повеќе за филмот, билетите како и можност за гласање можете да погледнете ТУКА.

Во рамките на овогодинешната програма на ФЕСТот се издвојуваат филмовите кои привлекуваат големо внимание ширум светот: TÁR номиниран за 6 Оскари во режија на Тод Филд со Кејт Бланшет во главната улога, РАЗГОВОРИ СО ЖЕНИ во режија на Сара Поли со две номинации за Оскар, британската драма ВО ЖИВО со Бил Нај со неколку номинации за Оскар и БАФТА, новиот филм на Дејвид Кроненберг „Злосторства на иднината“ номиниран за Златна палма на Канскиот филмски фестивал, значајниот трилер ДВОЈНА ИЗМАМА на јужнокорејската режисерка Парк Чан-Вук, која ја освои наградата за најдобар режисер на Канскиот фестивал Филмски фестивал.

Уште еден филм во македонска копродукција е филмот на режисерот Пјер Жалица ,,Денот на трудот” (,,Празник рада”) во кој што играат Мухамед Хаџовиќ, Емир Хаџихафизбеговиќ, Адмир Гламочак, Борис Исаковиќ, Лабина Митевска, Бранка Катиќ и други. Според критичарите актерската екипа во оваа филмско остварување успева да ја пренесе топлината на соседите и портретот на семејството. Филмот е снимен во 2022 во копродукција на Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Србија и Црна Гора.

Филмот ќе биде прикажан во рамките на програмската целина Гала, на 28 февруари и на 1 март во МТС двораната од 19:30 односно од 12 часот, и на 2 март од 17 часот во Cineplexx UŠĆE Shopping Center, сала 1. Повеќе за филмот, билетите како и можност за гласање можете да погледнете ТУКА.

Повеќе за севкупната програма можете да видите на официелниот портал на ФЕСТот.

Освен за белградскиот победник за најдобар филм, главното жири, во состав Винко Брешан режисер од Хрватска, Петар Бенчина актер од Србија, Лаза – режисер и придуцент од Мадагаскар, Јована Стојиљковиќ актерка и Јелена Митровиќ продуцентка од Србија, ќе доделат награди и за најдобра режија, машка и женска улога, сценарио и најдобро деби.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button