“КАПАБЛАНКА”

Во денешниот текст освртот е на уште една од шаховските варијацији, таканаречениот “Капабланка шах”. Наведенета варијација е креирана од страна на поранешниот светски шаховски шампион Jose Raul Capablanka во 20-тите години на дваесетиот век.
За разлика од стандардниот шах, се игра на таблата 10 х 8, при што се појавуваат уште две нови фигури, во превод надбискуп и канцелар. Останатите правила се исти, вклчувајки ја рокадата.

“Капабланка табла”
- Надбискуп

Најчест изглед на наведената фигура. Надбискупот ги користи потезите на ловецот и скокачот, што во пракса изгледа вака:

2. Канцелар

Најчестиот изглед на фигурата, при што фигурата ги користи потезите на топот и скокачот. Во пракса тоа изгледа вака:

Се работи за креативна шаховска варијанта, но според мене премногу комплицирана за разлика од 960, при што премногу опции им се оставени на новите фигури. За крај една интересна информација, пред да се стандардизира ловецот како шаховска фигура, “слонот” беше на таблата.




