Како изгледаше Македонската вечер на Отворен Балкан во Белград
Премиерот Димитар Ковачевски како домаќин пречека многу гости на Македонската вечер во Белград, каде се одржа самиот на Отворен Балкан, а трае и саемот за вино „Винска визија на Отворен Балкан“.
Меѓу гостите беа српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, министри, амбасадорот на САД во Србија Кристофер Хил, претседатели на стопанските комори од регионот, бизнисмени, како и претседателот на Националниот совет на македонската национална заедница во Република Србија, Борче Величковски. Беше и поранешниот македонски премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство, Венко Филипче. Свиреше Влатко Стефановски.
„Ова (Отворен Балкан) е единствена иницијатива којашто е автохтона и оригинална, којашто потекнува од нас. Јас ги почитувам сите други иницијативи, и Берлински процес и сите други интеграции, меѓутоа тие се иницијативи коишто доаѓаат од надвор, и кога ќе погледнам колку гости има секогаш и колку треба да ја кратиме листата на самити кога одиме, тоа е затоа зошто луѓето сакаат, и директорите и политичарите, и сите да одат на состаноците на Отворен Балкан, затоа зашто ги сметаат за свои“, рече Ковачевски во обраќањето.
Тој оцени дека саемот за вино, храна и туризам е најдобриот што е организиран во Европа.
„Ако го правевме само ние во Македонија, јас од вино знам многу малку, саемот немаше да биде добар. Ако го правеше претседателот Вучиќ сам во Белград, тој не знае продажба, а јас 20 години сум работел во компании. Ако го правеше само Рама во Албанија, тој знае многу од уметност, меѓутоа кога ќе соберете на едно место експерт за вино, експерт за продажба и еден голем уметник, тогаш виното, бизнисот и уметноста одат заедно и затоа го имаме најдобриот саем“, рече Ковачевски.
Македонија на овој саем се претстави под слоганот „Вкуси го живот“ и затоа, повика Ковачевски, сите присутни преостанатите два дена да ги вкусат македонските вина и храна, да слушнат македонска музика, но да дојдат да ја посетат земјава за да искусат македонска авантура.
Како изгледаше Македонската вечер можете да видите преку фотографиите.