Вести

ИЛИНДЕН 2025 – Свечена седница на Македонскиот национален совет

По литургијата, програмата на централната илинденска прослава продолжи во основното училиште ,,Гоце Делчев” каде што е одржана свечена седница на Националниот совет на македонската национална заедница во Србија. Покрај членовите на Советот, на седницата присуствуваа и државниот секретар на Министерството за човекови и малцински права и општествен дијалог др Иван Бошњак, претставник на Покраинската влада Золтан Кудлик, претставници на македонската амбасада во Белград и директорот на Македонскиот Културно информативен центар во Белград др Васко Шутаров, како и колегите од унгарскиот и полскиот национален совет. На седницата беа соопштени и значајни новости.

Претседателката на Советот, Зорица Митровиќ, информираше дека минатата недела е добиено официјално известување од Собранието на Град Нови Сад дека на Советот му е одобрен буџет за редовно финансирање. Ова е првпат по 20 години Советот да добие поддршка од страна на една локална самоуправа, а особено е значајно што оваа одлука не е еднократна – туку ќе биде стална и континуирана поддршка за работата на Советот.

Дополнително, Републичката дирекција за имот, врз основа на заклучок на Владата на Република Србија, му додели на Советот деловен простор во Белград – на неопределено време и без надомест. Со оваа одлука конечно се решава проблемот со просторот на македонската заедница во Белград, кој траеше речиси 9 години, а на чие решавање се работеше интензивно во последните три години.

Овие важни чекори претставуваат историска поддршка за Македонската заедница во Србија и потврда за нашата посветена работа и препознатливост на институционално ниво.

Претставниците на Министерството за човекови и малцински права, како и на Покраинската влада, ја истакнаа важноста од зачувувањето на традицијата и добрата соработка со Македонскиот национален совет.

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button