
Во Јабука, под знамето и духот на Илинден, Македонците од цела Србија се собраа на централната прослава исполнета со молитва, музика, спорт и заедништво – славејќи ја слободата, традицијата и непрекинатата врска со корените.
Програмата започна во Храмот Свети Илија во Јабука, каде што беше отслужена Света Литургија и на македонски јазик која ја водеше јеромонахот Дионисиј (Ботев), кој моментално служи во манастирот „Света Петка“ во Беркасово, општина Шид. Верниците имаа можност да ја чујат и посланицата на неговото блаженство, поглаварот на македоснката православна црква, архиепископот охридски и македоснки г.г. Стефан, која ја прочита јеромонахот Дионисиј на крајот на службата.
На литургијата присуствуваа голем број припадници на македонската заедница од Јабука и цела Србија, како и раководството на Македонскиот национален совет, предводен од претседателката Зорица Митровиќ.



