ВестиКултура

Изложба „Портрети на Гоце Делчев“ на Ангел Петров во Педагошкиот музеј во Белград

Чествувајќи ги двата значајни настани од историјата на македонскиот народ: 11-ти Октомври – Денот на народноослободителната и антифашистичка борба, и 23-ти Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, Здружението на Македонците „Македониум“ од Белград организира изложба „Портрети на Гоце Делчев“ на сликарот Ангел Петров. Изложбата ќе биде отворена во среда, 19. октомври, во 19 часот, во Педагошкиот музеј во Белград (Узун Миркова 14).

– Оваа година програмата ја посветивме на македонскиот револуционер Гоце Делчев, визионерот, организатор на македонското револуционерно национално – ослободително движење од крајот на 19. и почетокот на 20. век, бидејќи оваа година се навршуваат и 150 години од неговото раѓање – велат организаторите.

Изложбата ќе ја претстави Светлана Петрова, директорката на Фондацијата ,,Ангел Петров” од Велес, а научно-историски осврт за поврзаноста на историските датуми но и актуелните збиднувања со ликот и делото на Гоце Делчев ќе даде проф. д-р Катерина Тодороска од Институтот за национална историја во Скопје.

Програмата ќе ја збогати и пејачката група ,,Македониум”.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button