ВестиКултура

Изложба „Пејзажно искуство“ на уметниците Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска во Нови Сад

Изложбата „Пејзажно искуство“ на уметниците Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска, свечено е отворена пред новосадската публика, во Музејот на современата уметност на Војводина во Нови Сад на 07 јуни 2024 година.

Куратори на проектот се д-р Ана Франговска и д-р Сања Којиќ – Младенов, а комесар директорката на Националната галерија д-р Дита Старова Ќерими.

На свеченото отворање присуствуваа и претседателката на Македонскиот национален совет Зорица Митровиќ и директорот на НИУ “Македонски информативен и издавачки центар”,Озрен Симјановски.

Изложбата ќе биде отворена до крајот на јули месец.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button