Вести

Изложба на награди и признанија на Здружението на Македонците „Вардар“ Ниш

На првата самостојна изложба Здружението на граѓани на македонското национално малцинство од Нишавскиот округ „Вардар“, Ниш изложи дел од своите освоени награди и признанија, собрани и освоени во претходните 20 години.
Прикажани се пехари, медали, плакети, дипломи, статуи и други награди.

Здружението ги освои сите признанија и награди преку учество на тимови - членови на здружението, на бројни настани од областа на културата и образованието.

Најголемиот број од нив ги освоија членовите на здружението на манифестации во Ниш, каде ја презентираа традиционалната храна од македонската национална кујна, македонската трпеза.

Голем број награди тие освојиа на настаните што се одржуваа на другите места во Србија: Белград, Бабушница, Долјевац, Књажевац, Мерошина, Бела Паланка и други места.

Во претходните 20 години, членовите на здружението освоија вкупно 233 награди и признанија, и тоа:

* Гран при, пехари, златни медали, златни плакети, статуа на царицата Јелена, статуа на царот Константин

* Награда „Македонско сонце“

* Признание „Свети Климент Охридски“

* Други признанија и награди

Националниот совет на Македонците во Србија на здружението „Вардар“ од Ниш му ја додели наградата „Македонско сонце“, а два пати (во 2017 и 2019 година) една од неговите најголеми награди - плакета „Свети Климент Охридски“ како Здружение на Македонците кое што постигна најдобри резултати во областите со кои се занимава, а тоа се: образованието, културата, традицијата, одбележувањето на важни датуми и хуманитарен ангажман.

Дел од признанијата и дел од наградите, здружението со гордост и го презентираат на јавноста, бидејќи тие ја претставуваат вредноста, големината и дел од целта на  работа и постоење на здружението.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button