ВестиКултура

Изложба „Мирис на минатото“ на Елизабета Јорданоски во Вршац

Здружението на Македонците „Вардар“ од Вршац организираше изложба „Мирис на минатото“ на Елизабета Јорданоски од Белград, во рамките на манифестацијата „Денови на македонската култура“.

Изложбата се одржа во галеријата на Домот на војската при Културниот центар Вршац, на 21.12.2025 година во 18:00 часот.
Изложбата ја отвори директорот на Културниот центар Вршац, Давор Стојковиќ, кој истакна задоволство што во галерискиот простор на Културниот центар по втор пат може да ја угости сликарката од Белград.
Во рамките на изложбата беше приреден и придружен културно-уметнички програм.

Проектот се реализира со поддршка на Градот Вршац и Националниот совет на Македонците.

Елизабета Јорданоски е родена во Скопје во 1976 година.
Школата за сликарство ја изучувала во ателјето на нашите прославени сликари Бата Михаиловиќ и Томислав Божовиќ. Во Белград живее и твори веќе 25 години.
Член е на ДЛУМС.

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнте и
Close
Back to top button