Вести
Актуелно

Избрани сите органи и тела на Македонскиот национален совет

На трерата редовна седница во петтиот мандат на Македонскиот национален совет во Србија, одржана на 11 февруари во Јабука, избрани се сите органи и тела со што се створени услови за работа во четирите области за кои е надлежна оваа институција.
Никола Кипровски од Пландиште, Иван Митровски од Панчево и Драгутин Димчевски од Врање избрани се за потпретседатели на Советот. Функцијата претседател на Извршен одбор ќе ја извршува Благоја Соколовски од Јабука.
За претседател на одборот за образование избрана е повторно Маре Каранфиловиќ од Лесковац. Одборот за култура во наредните четири години ќе го води Милорад Младеновски од Јабука. Александра Милошевска Масл избрана е за претседател на одборот за информирање, а во одборот за службена употреба на јазикот и писмото за претседател е избран Пецо Ристески од Врање.

Избрани се и членовите на консултативните тела, па така телото за спорт и млади ќе го води Душан Жилевски од Јабука, за родна равноправност Наташа Простран од Вршац, за соработка со Македонија Благоје Илијевски од Ниш, додека телото за статутарно правни прашања ќе го води Ило Михајловски од Чачак.

Сите органи и тела избрани се на предлог на претседателот на Советот Борче Величковски, кој истакна дека за да дојде до овие, според него најдобри предлози, ги зеде во обзир сите можни елементи и пред изборите и после изборите, бројот на електорите, квалитетите, можностите, политичката рамнотежа, како и предлозите кои што му ги упатија членовите на Советот.

Покрај други документи и акти на Советот, усвоен е и завршниот финансов извештај за 2022 година, како и програмската шема и програмскиот финансов план и буџет за 2023 година.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button