Вести
Зошто е важен пописот?
Пописот на жителите, домаќинствата и становите е најважниот извор на индивидуални податоци за жителите и стамбениот фонд на една земја и, според тоа, претставува столб на националната статистика. Пописот обезбедува целосни, висококвалитетни и меѓународно споредливи статистички податоци на секои десет години, кои се од витално значење за социоекономска анализа и планирање на национално и локално ниво.
Пописот е од суштинска важност за националните малцинства и за остварување на нивните права, бидејќи токму од бројноста зависи степенот на остварување на тие права, како и буџетот на Македонскиот национален совет.
Каде и да сме, да знаеме кои сме!
Изјасни се слободно за својата национална припадност!
#Македонец
#Македонка
#македонски јазик