Вести

Зорица Митровиќ избрана за претседателка на Македонскиот национален совет

На вонредната седница на Македонскиот национален совет одржана на 23 март во Јабука,
за претседател на Македонскиот национален совет, едногласно е избрана Зорица Митровиќ од
Белград, членка и досегашен секретар на Советот. Оваа седница е свикана на иницијатива на
членовите на Советот, а после смртта на претседателот на Советот Борче Величковски, бидејќи
според Законот за националните совети за националните малцинства во Србија, Националниот има
рок од 30 дена да избере нов претседател.

На почетокот на седницата, членовите на Националниот совет со едноминутно молчење му
оддадоа почит на починатиот претседател Борче Величковски. Според напатствијата од
Министерството за човекови и малцински права и општествен дијалог, најпрвин е констатиран
престанок на мандатот на претседателот на Советот, а потоа членовите на Советот се изјаснија
гласањето за новиот претседател да се одвива јавно со подигање на рака. Одлуката е донесена
едногласно, а по гласањето сите присутни членови упатија честитки и посакаа среќа во
обавувањето на функцијата до крајот на овој мандат.
По завршувањето на седницата сите присутни членови го посетија гробот на Борче
Величковски во Панчево.

Зорица Митровиќ избрана е за членка во Советот прв пат во 2014 година, а од 2016 година
е вработена во Советот како секретар и програмски координатор. Во македонската заедница е
активна од 2010 година. Основач е на Форумот на младите Македонци во 2012 година и на
здружението на новинари Мак-инфо, во рамките на кое уредува два медиуми – портал и
електронска радио станица на македонски јазик. Од 2019 го води и здружението на Македонците
во Белград ,,Македониум’’. Иницијатор е на голем број проекти и активности во македонската
заедница во Србија.
Мандатот на актуелниот состав на Националниот советот, кој во оваа прилика само избра
нов претседател е до втората половина на 2026 година.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button