Вести
Актуелно

Зајакнување на институционалната соработка: Советот на средба со претседателката Силјановска Давкова

Претседателката на Македонскиот национален совет, Зорица Митровиќ, заедно со секретарот Марјан Јованоски, остварија официјална средба со претседателката на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова.

На средбата, претставниците на Советот ја запознаа претседателката со тековните и планираните активности на Македонскиот национален совет, со посебен акцент на подготовката и спроведувањето на Стратегијата за периодот 2026–2031 година, која има за цел унапредување на правата и положбата на македонската заедница во Република Србија.

Дополнително, беа презентирани и активностите поврзани со значајниот јубилеј – 80 години од доселувањето на Македонците во Војводина, кој ќе биде одбележан со низа културни и институционални настани во наредниот период.

Средбата се одвиваше во духот на меѓусебна почит и поддршка, при што беше истакната важноста од континуирана соработка и зајакнување на врските меѓу институциите, со цел зачувување и унапредување на македонскиот идентитет, јазик и култура.

Прикажи повеќе

Поврзани објави

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button