Вести

Заменичката Викторија Трајков во посета на седиштето на Советот

Заменик министерката за европски прашања во Владата на Република Македонија Викторија Трајков оствари посета на седиштето на Националниот совет на македонското национално малцинство во Нови Сад, при што беше реализирана средба со дел од раководството на Советот.

Заменичката Трајков беше придружувана од нејзините  соработници во Министерството за европски прашања Владимир Палашевски и Златко Јанковски, додека во придружба на претседателката на Советот Зорица Митровиќ беа секретарот Марјан Јованоски и директорот на НИУ Македонски информативен и издавачки центар Озрен Симјановски.

За време на средбата беше разговарано за продлабочување на соработката на Националниот совет со Владата на Македонија и другите надлежни институции во насока на уште поголемо ползување и негување на малцинските права и подобрување на положбата на македонската заедница во Србија.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button