МАК Инфо Продукција

Енигма на белата Марија

Не отстапувајќи од првобитната намера секоја песна да ја објави заедно со спот, на Youtube-каналот Velion Music, на 9-ти септември интригантниот состав Велион објави нова обработка. Станува збор за традиционалната песна “Марије, бела Марије”. Овој проект е реализиран во продукција на Мак-инфо, а под покровителство на Министерството за култура на Република Србија. 

За разлика од претходните две песни – “Тетовско јаболче” и “Јано мори”, третата песна “Марије, бела Марије” носи поцврст, а би можело да се каже и поагресивен звук. Овој пат на двоецот од Велион им се придружуваат Јулијана Баштиќ (тамбура) и Јанко Петровиќ (фрула и деф), како и Тања Штрицки (како придружен вокал).

Спотот, како и претходните два, е осмислен така што во него се прикажува приказна која има врска со нивниот “лајт мотив” – Велион, но како и песната е интригантен и енигматичен.

Сцена од снимањето на спотот

Звучно побогат, со повеќе детали од музички, но и од визуелен аспект, во обработката на песната “Марије, бела Марије”, составот Велион полека созрева во својот музички израз. 

Сите знаеме дека добрите работи секогаш подолго се “крчкаат”, а Велион, како што се забележува, цврсто се држи до ова правило, имајќи во предвид дека за скоро една година издадоа само три песни. 

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнте и
Close
Back to top button