ИнформирањеМакедонци во светот

Единаесет години од првиот број на македонскиот весник “Илинден” во Албанија

Пред точно единаесет години, на 1. март 2011 година како двоброј (март/април) беше испечатен првиот број од македонскиот весник “Илинден“ како гласило на македонското друштво “Илинден“- Тирана. Изминативе единаесет години, весникот предизвика голем интерес кај македонската читателска публика во Република Албанија, во татковината Македонија како и меѓу македонската дијаспора во светот.

Според бројните дописи кои пристигнуваат на електронската адреса на редакцијата од “Илинден“ како и комуникацијата преку профилите на весникот на социјалните мрежи со читателите, забележуваме дека во десетгодишниот период весникот прерасна во сериозен медиум од чии вести и теми се напојуваат сѐ поголем и поголем број на корисници од македонското националнo малцинство во Република Албанија.

Македонскиот весник “Илинден” досега има испечатено 49 изданија, а почнувајќи од март 2017 година, покрај печатената верзија весникот може да се следи и преку своето интернет-издание: www.vesnik-ilinden.com

На тој начин весникот стана достапен за целокупната јавност: за сите Македонци во Албанија, регионот и цел свет. Истата година, од септември 2017 македонскиот весник “Илинден“е стандардизиран според меѓународните норми за печатени и електронски периодични списанија со ISSN 2522-6282 (online) и ISSN 2522-4514 (print) и дел од двата најголеми читачи на вести и клиентска датотека во Македонија: grid.mk и daily.mk

  • Мисијата на нашиот весник и понатаму останува да го поттикнува и одржува во континуитет македонскиот јазик и идентитет во Република Албанија. И понатаму остануваме со вербата дека нашите активности ќе бидат соодветно поддржани од државните институции на Република Албанија и на Република Македонија, како и од Македонците ширум светот – истакнува главниот и одговорен уредник Никола Ѓурѓај.

Од почетокот на функционирањето на порталот МАК-ИНФО (декември 2021) воспоставена е одлична соработка и размена на информации со порталот ИЛИНДЕН од Албанија.

Ја користиме оваа прилика да го честитаме јубилејот и посакаме уште многу успешни години, читатели и успеси!

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Погледнте и
Close
Back to top button