Д4 ВТОР ДЕЛ

Во денешниот текст освртот се шаховските отворања за црните и почнуваат со д4.
- Словенска одбрана – 1.d4 d5 2.c4 c6

Се работи за таканаречено затворено отворање, како одговор на краличиниот гамбит, со што се анулира предноста на првиот потег на белиот. Предностите на ова отворање се следните:
- Слободно движење на белиот ловец
- “Стабилен центар”
- Лесна за учење
Мана на ова отворање е пешакот на б7 – кој се наога во слаба позиција, но како и да е Словенското отворање е според мене за секоја препорака.
2. Маршал – одбранац – 1.d4 d5 2.c4 Nf6

Се работи за често оспорувано отварање и не е за почетниците, но како и да е често беше применувано од некои велемајстори, пред се Иванчук и Бетиев. Главната идеја на Маршаловата одбрана е да му понуди дополнителен простор на белиот во центарот со што би се создале одредени слабости.
3. Балтичка одбрана – 1.d4 d5 2.c4 Bf5

Уште едно отоврање, како одговор на краличиниот гамбит, пешакот на д4 е заштитен, со црниот ловец се потенцијално напага е4. Не е во честа примена од страна на најпознатите шахисти.



