Вести

Денот на независноста свечено одбележан во Белград

Во Амбасадата на Македонија во Србија се одржа прием за претставниците на македонските здруженија и организации по повод 33-годишнината од Независноста на Македонија.

На покана на македонскиот амбасадор Никола Тупанчевски, покрај претставниците на здруженијата, организациите и партиите, присуствуваше и претседателката на Националниот совет на македонската национална заедница во Србија Зорица Митровиќ придружувана од секретарот на Советот Марјан Јованоски.

Поздравувајќи ги присутните гости, амбасадорот Тупанчевски се задржа на значењето на независноста за македонската држава, поднесените жртви за достигнувањето на независноста, но и чекорите кои се превземаат во градењето на правна, демократска и стабила Македонија.

Во таа насока се задржа на два принцип од десетте кои ги истакна премиерот Христијан Мицкоски кои ги смета за најважни а тоа се градење на единство и запирање на иселувањето од државата.

Со надеж дека наведените принципи ќе бидат исполнети во наредниот период, амбасадорот Тупанчевски го честиташе Денот на независноста на Македонија на сите припадници на македонската заедница во Србија.  

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button