Да ли Бугарија уште еднаш ќе не блокира?
Додека целиот европски свет, плус најмоќните држави на светот во таканаречениот Г7 формат повикуваат на почеток на пристапните преговори на Европската унија со македонската држава, актуелниот бугарски премиер, инаку американски ученик, Кирил Петков, рече дека не одстапува од задоволување на бугарските интереси во спорењата со македонската држава.
Софија и понатаму не попушта. Иако токму тој Петков пред неколку дена рече дека му е јасно дека македонската и албанската држава припаѓаат на европското семејство, сепак денес ги заостри ставовите – што значи дека Софија не попушта, нити под притисок на американците, нити под притисок на моќните земји Г7. Едноставне да не верувате, една така мала и слаба Бугарија цврсто во одбрана на своите интереси, па макар застанала против целиот свет, или можеби и е ова само услуга за тоа што таа веќе го направи како европска сојузничка, одбивајќи да го плаќа рускиот гас во рубљи и одбивајќи да ги обновите договорите со Газпром.
Познавајќи ги политичките тактизирања на Западниот Балкан, а сега, од кога почна и Украинската војна, пошироко на европскиот контенинет, воопшто не треба да изненади да и повторно дадена прилика на Софија да го блокира Скопје на Европскиот пат – од еден агол како контра услуга од западните сојузници, сепак таа прва го рече големото НЕ на плаќањето руски гас во рубљи, додека, од друг агол, одложувањето на преговорите со Скопје, а можеби така ќе остане и за Тирана, и не е така страшно за Европската унија и оние како Макрон кои постојано излегуваат со нови креативни решенија за своеврсна интеграција со Западниот Балкан – ама сепак никој не го споменува полноправното членство, онака како беше замислено во Солун далечната 2003 година.
Но, да се вратиме на македонско-бугарскиот спор, за кој, како велат кај нас луѓето, веќе никој не може да го фати ниту за глава, ниту за опашка. Почнаа од негирањето на постоењето на македонската нација и македонскиот јазик, преку негирањето на македонската историја и на македонските јунаци, тврдејќи дека е сето тоа бугарско, па се до тврдењата дека во македонската држава денес живат огромен број бугари на кои македонските власти не им ги признаваат малцинските прави, вклучително и тоа дека македонската држава ги малтретира.
Сега, Петков повторно, како и неговите претходници пред било кој самит на Европската унија, одеднаш пак цврсто застанува позади традиционалните бугарски позиции, кој се уште никој не може да ги разјасни. Затоа што еднаш го признаваат јазикот и нацијата, еднаш го негираат, еднаш зборуваат за историјата, додека пак друг пат за малцинствата и нивните права.
А ниту они, ниту пак македонските власти ги споменуваат македонците кои живеат во Бугарија, македонската заедница која веќе неколкупати ги добива споровите против бугарската држава пред Европскиот суд за човекови права, ама за жал во пракса безуспешно, затоа што тие луѓе кои во Бугарија се идентификуваат како македонци и понатамо се само предмет на политички реваншизам, без никаква шанса за реализација на своите национални права.
Ама кому сега му е гајле за македонците во Бугарија. И така тие се веќе одамна заборавени од македонската држава. Тие иначе не се одродени, ама македонските власти во последните триесетина година се одродија од нив, и во форма на договори, а и во своето политичко делување, правејќи се, а богами и глумејќи, само да не се спомнуваат било какви македонци во Бугарија.
И онака сега на секој му е поважна испораката на гас, ако е по можност да биде и поевтин. И онака на јаката Европска унија, која се чини да не се откаже од рускиот гас и е побитно тоа да го направи Софија, па макар и Скопје било колатерална штета во сета таа игра. А можеби и воопшто не е штета, можеби Скопје и воопшто не е планирано за членство во Европското семејство, а можеби да судбина му се насмевнува и на целиот Западен Балкан – иако сите го очекуваат и сеуште ветуваат спротивното.