ВестиОбразование

,,Да зборуваме македонски“ во Печењевце

Во Домот на културата во Печењевце во организација на Македонскиот национален совет одржана е приредба подготвена од децата од основните училишта во Лесковац и Богојевце кои што го учат изботниот предмет Македонски јазик со елементи на националната култура, под мотото ,,Да зборуваме македонски”.

Децата од основните училишта ,,Коста Стаменковиќ” од Лесковац и ,,Бора Станковиќ“ од Богојевце во придружба на своите наставници, приредија разновидна програма на македонски јазик, за учениците од ОУ ,,Вук Караџиќ“ во Печењевце, кои до последно место ја исполнија салата во Домот на културата.  

На присутните им се обрати Зорица Митровиќ, претседателка на Македонскиот национален совет и истакна дека македонскиот јазик е присутен во училиштата во Лесковац од 2015 година и дека од тогаш овој предмет го учеле повеќе стотини ученици, кои ги совладале основите на македонскиот јазик. Покрај сите предности на познавање на друг јазик, претседателката Митровиќ ги истакна и можностите кои овие деца ги имаат учејќи го предметот, како што се соработка и застапеност во детското списание ,,Ѕуница”, учество на приредби, настани и дружења со децата од други основни училишта, бесплатни учебници, подароци, но и продолжување на школувањето во Македонија како стипендисти на Националниот совет и македонската влада. Изрази надеж дека и во училиштето во Печењевце ќе се пријават доволно ученици и дека од септември месец и тука ќе се изучува овој предмет.

Директорот на Домот за култура Печењевце истакна дека е исклучителна чест на таа установа, како и негова лично што оваа манифестација е одржана баш тука и ги покани претставниците на Советот и македонското здружение ,,Илинден“ од Лесковац на  понатамошна соработка.

Децата рецитираа, глумеа, пееа и покажаа завидно познавање на македонскиот јазик. На настанот присуствуваше и членот на Советот и претставникот на здружението ,,Вардар“ од Ниш Благоје Илијевски.

Поврзани објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button